Победи за Антиќ и Мекејлеб

Од:

Македонските претставници во кошаркарската Евролига синоќа во рамките на 5.коло забележаа победи со своите екипи.

Лестер Бо Мекејлеб со Улкер Фенербахче на свој терен го победија Химки со 85:82. Македонскиот репрезентативец за 33 минути игра имаше ефект од 16 поени, 5 асистенции и 4 скокови.

Олимпијакос за кој настапува Перо Антиќ во неизвесна завршница победи на гостувањето во Тел Авив кај Макаби со 78:77. Антиќ одигра 13 минути и постигн една тројка, а имаше и три асистенции.

На другите две вчерашни средби од 5.коло во ТОП 16 фазата од Евролигата постигнати се овие резултати: Каха Лаборал – Барселона 79:90 и Алба Берлин – Бросе Баскетс 82:63.

Вечерва играат: ЦСКА Москва – Уникаха, Анадолу Ефес – Жалгирис, Панатинаикос – Рел Мадрид и Монтепаски – Бешикташ.

Табела Е група: ЦСКА Москва 4-0 (победи-порази), Реал Мадрид 4-0, Анадолу Ефес 3-1, Панатинаикос 3-1, Жалгирис 1-3, Уникаха 1-3, Алба Берлин 1-4, Бросе Баскетс 0-5.

Табела Ф група: Монтепаски 4-0, Каха Лаборал 4-1, Барселона 4-1, Химки 3-2, Олимпијакос 2-3, Макаби 1-4, Фенербахче Улкер 1-4 и Бешикташ 0-4.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он