Победи со пресврт за Голден Стејт и Мајами

Од:

Во НБА лигата ноќеска се одиграа пет натпревари, а екипите на Голден Стејт и на Мајами до триумф стигнаа откако имаа и висока двоцифрена негатива.

Голден Стејт на полувремето кај Бруклин губеше со 16 разлика (49:65), но во вториот дел прими само 36 поени и дуелот го доби со 16 разлика (117:101).

Мајами на почетокот на вториот период, дома имаше негатива од 19 поени против ЛА Лејкерс (23:42), а на крајот се радуваше на триумф од 8 поени (115:107).

Резултати на ноќеска одиграните натпревари: ЛА Клиперс – Сан Антонио 106:101, Мајами – ЛА Лејкерс 115:107, Њујорк – Орландо 106:95, Бруклин – Голден Стејт 101:117 и Индијана – Бостон 102:109.

Палсман Источна конференција: Кливленд 21-6 (победи – порази), Торонто 20-8, Бостон 17-12, Шарлот 16-13, Њујорк 16-13, Чикаго 14-14, Индијана 15-16, Атланта 14-15,…

Пласман Западна конференција: Голден Стејт 26-4, Сан Антонио 23-6, ЛА Клиперс 22-8, Хјустон 22-8, Мемфис 19-12, Јута 18-12, Оклахома Сити 17-12, Портланд 13-18,…

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on