Победи на Мајами и Торонто во мајсторките

Од:

Екипите на Мајами и на Торонто обезбедија пласман во следната фаза од плеј офот од НБА лигата откако ноќеска во мајсторките беа подобри од ривалите и постигнаа победи.

Мајами славеше на домашен терен со убедливи 106:73 против Шарлот за триумф од 4-3 во победи, додека Торонто ја совлада Индијана со 89:84 за 4-3 во победи.

Во полуфиналето на „Исток“ двата тима ќе играат меѓусебе, а првиот дуел се игра на теренот на Торонто на 3.мај.

Шампионот Голден Стејт ја постигна првата победа во полуфиналето на „Запад“ против Портланд. Првакот славеше со 118:106, а имаше сигурно водство во текот на целиот натпревар. Клеј Томсон постигна 37 поени, а Дрејмонд Грин имаше „трипл-дабл“ 23 поени, 13 скокови и 11 асистенции. Голден Стејт поведе со 1-0.

Вечерва почнува серијата меѓу Кливленд и Атланта, а се игра и вториот натпревар Сан Антонио – Оклахома Сити (1-0 за Сан Антонио).

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on