Победи на Блокотехна, Фени и на Соколи во третото коло од кошаркарскиот шампионат

Од:

Екипите на Блокотехна, Фени Индустри и на Карпош Соколи запишаа победи над своите противници Шкупи, Охрид односно Куманово во рамки на третото коло од Првата кошаркарска лига.

По три одиграни кола екипата на Блокотехна останува силно на врвот на табелата во Првата лига (мажи) со перфектен скор од максимални три победи.

Гевгеличани фуриозно ја започнаа тековната сезона и продолжуваат со високи амбиции. Овој пат на нишанот на расположените кошаркари предводени од Марјан Илиевски се најде уште еден тазе прволигаш, екипата на Шкупи, која не можеше да ги спречи нападите на ривалот.

Шкупи – Блокотехна 83:115,
Фени Индустри – АВ Охрид 92:82 и
Куманово – Карпош Соколи 83:94.

Двојките за другите три средби од 3.коло се:

Пелистер – Гостивар (денес),
Кожув – Работнички (24 октомври) и
Струмица – МЗТ Скопје Аеродром (25 октомври).

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ