Победа за Грабул, пораз на Јотовски

Од:

Двајцата најдобри македонски тенисери денеска има настап на фјучрс турнири и остварија различен ефект. Димитар Грабул победи, а Томислав Јотовски е поразен.

Во Анталија на турнирот што се игра на тврда подлога Грабул во првото коло со 7:5 и 6:1 го победи Молдавецот Андреј Циумак. Мечот беше изедначен до финишот на првиот сет кога беше 5:5, а од тогаш до крајот Грабул освои 8 од 9-те одиграни гема.

Негов следен ривал ќе му биде Сањар Фајзиев од Узбекистан (803 ранг листа), кој денеска со 6:3 и 6:3 го победи Глеб Алесенко од Украина.

Јотовски и на вториот фјучрс (тврда подлога) на кој настапува на островот Крит во Грција не успева да ја мине првата пречка. Во изедначен меч загуби од Бар Цуф Боцер (Израел) со 7:6 (7:4) и 6:4 во гемови. Противникот имаше еден брејк повеќе што беше и решавачко за победата.

Попладнево и двајцата ќе играат мечеви во 1.коло и во конкуренција на двојки.

Грабул со Бесир Дургути за ривали ги имаат Глеб Алесенко (Украина) и Денис Јевсеев (Казахстан). Јотовски со Србинот Мики Јанковиќ ќе играат против Израелците Даниел Цукирман и Даниел Скрипник.

Би можело да ве интересира

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен

Синер: „Знам кој ми е пријател, а кој не“

Предраг Петровиќ

Победа за Грабул, пораз на Јотовски

Од:

Двајцата најдобри македонски тенисери имаа променлив учинок на денешните мечеви на фјучрс турнирите.

Димитар Грабул, кој е 8.носител во Хеист, Белгија го победи Хуан Матиас Гонзалез Караско со 2:1 во сетови (4:6; 6:1 и 6:1) и се пласира во следното коло што значи освијување на нови АТП поени.

На турнирот во Кикинда, (Србија) Томислав Јотовски загуби од 5.носител Саша Стоисављевиќ од Србија со 6:2 и 6:2 по сетови.

За Јотовски останува настапот во двојки заедно со Шендрит Деари.

Би можело да ве интересира

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен

Синер: „Знам кој ми е пријател, а кој не“

Предраг Петровиќ