Репрезентацијата на Србија постигна победа од 11:6 во дербито на 4.коло на ватерполо турнирот за мажи и со тоа го презеде водството на табелата во Б групата.
На другите два дуела во оваа група: Унгарија – Велика Британија 17:6 и Црна Гора – Романија 12:8.
Табела Б група: Србија 7 бодови, САД 6, Црна Гора 5, Унгарија 4, Романија 2, Велика Британија 0.
Во А групата Хрватска и во четвртиот натпревар ја постигна четвртата победа. Совладана беше селекцијата на Австралија со 11:6. Шпанија ја победи Грција со 11:9, а Италија беше поуспешна од Казахстан со 9:6.
Табела А група: Хрватска 8 бодови, Шпанија 6, Италија 5, Грција 3, Австралија 2, Казахстан 0.