Победа на Вардар СЦБТ од два гола разлика

Од:

Ракометарките на Вардар СЦБТ постигнаа победа на првиот натпревар од осминафиналето на ЕХФ купот. Попладнево во Скопје „црвено-црните“ ја совладаа руската екипа Кубан со 30:28 (12:17).

На почетокот на натпреварот по изедначените неколку минути Вардар водеше со 11:10, но потоа Русинките со серија од 7:1 го завршија првиот дел со позитива од пет голови.

Во првите минути на вториот дел Кубан поведе и со +6, но избраничките на Индира Кастратовиќ заиграа поодговорно и успеаја да изедначат на 25:25, а потоа и да поведат со 27:25. До крајот на натпреварот Вардар ја задржа предноста.

Реванш натпрерварот се игра по седум дена во Русија.

Би можело да ве интересира

Се онесвести на паркет данскиот судија кого го пцуеја Македонците за „грабежот“ против Холандија на СП во Вараждин

А1он

(ВИДЕО) Илјадници граѓани на Бан Јелачиќ ги чекаат хрватските ракометари

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Комплетирано 1/4 финале: Кој против кого до битката за медали?

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Бразилските ракометари ја победија Шведска и ја оставија без осминафинале

А1он