Победа на Лоренцо во Брно

Од:

Возачот на Јамаха, Хорхе Лоренцо победи на 11. трка сезонава во Мото ГП за Големата награда на Чешка што се возеше на патеката „Брно“.

Тој денеска стигна до својата петта победа сезонава или 59.та во кариерата.

Второто место го освои Марк Маркес на Хонда, додека како трет заврши возачот на Јамаха, Валентино Роси. Ова за Роси беше уште еден подиум или на сите трки оваа сезона успеа да биде пласиран на едно од првите три места.
Двајцата клупски колеги Лоренцо и Роси имаат по 211 бодови во генералниот пласман, но Лоренцо е во подобра позиција бидејќи има две победи повеќе (Лоренцо 5, Роси 3).

Маркес со 159 бодови се наоѓа на третото место во генреланиот пласман.
Следната трка се вози на 30 август на патеката „Силверстоун“ за Големата награда на Велика Британија.

Би можело да ве интересира

Мото ГП: Бањаја ја освои ГН на Сан Марино

Ана Ололовска

Мотоциклистот Дупаские почина од повреди здобиени при пад на трка

Ана Ололовска

ВИДЕО: Хорор-судир во Бразил, загина мотоциклистот Матеус Барбоса

Жарко Настоски

Награди за најдобрите во автоспортот за 2019 година

Ана Ололовска

Маркез беше пренесен во болница по паѓањето на „Бурирам“

Ана Ололовска

Бузалковски: Следната сезона целта е влез во ТОП 5

Ана Ололовска