По седумгодишна пауза викендов во Скопје кружна трка „Скопје круг 2017“

Од:

По пауза од седум години викендов во Скопје пред зградата на Македонската радио и телевизија ќе се одржи кружна трка „Скопје круг 2017“ во организација на АКК Примо АВЈ.

Натпреварувачите ќе возат по традиционалната скопска патека пред зградата на Македонската телевизија на булеварот „Гоце Делчев“ и улицата „Беласица“ пред влезот во Скопски саем. Патеката ја задржува стандардната должина од 2.050 метри.

Трката, како што е најавено, ќе има и меѓународен карактер и на неа освен домашните возачи ќе настапат и екипажи од Србија, Бугарија и Косово, а има најава и за учесници од Грција.

Тренинзите и квалификациите ќе се одржат во сабота, на 20 октомври, а трките во недела 21 октомври. Двата дена настанот започнува од 12 часот. Во зависност од бројот на учесници, организаторот очекува дека ќе има три дивизии, односно три трки.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар во зграда во Чаир: Евакуирани над 100 луѓе, има повредени

Катерина Ѓуровски

АХВ нареди времено затворање на кујната во касарната „Гоце Делчев“

Горан Наумовски

Во Скопје се санираат штетите од синоќешното невреме

Повеќе од 12 часа делови од Скопје без струја

Од силниот ветер падна дрво и повреди жена во центарот на Скопје

Катерина Ѓуровски

Во Тетово и во Скопје уште се санираат последиците од невремето