Откако пред два дена Стефан Кари го откажа своето учество во националната кошаркарска селекција на САД на престојните Олимписки игри во Рио де Жанеиро, денеска тоа го стори и Ла Маркус Олдриџ.
Центарот на Сан Антоонио „Спарс’’ е шестиот играч кој го откажа настапот на Олимпијадата, откако покрај него и Кари, претходно своето учество на најголемиот светски спортски настан го откажаа и: Крис Пол, Ентони Дејвис, Блејк Грифин и Џон Вол.
Олдриџ има повреда на раката и нема да стигне навреме да ги почне подготовките за големиот настан кој ќе одржи од 5 до 21 август.