По интервенција на Грците настапуваме под БЈРМ во Шпанија

Од:

По интервенција на Грчката ракометна федерација (ОХЕ), Меѓународната ракометна федерација и Шпанската ракометна федерација, за помалку од 24 часа на сајтот на Светското првенство 2013 името на Македонија е сменето во БЈРМ, соопшти ОХЕ.

Федерацијата нагласува дека во соработка со надлежните органи на земјата ќе продолжи да го следи ова прашање и случувањата на Светското првенство, кое почнува утре во Шпанија.

На сајтот на ОХЕ е објавена и изјавата на нејзиниот претседател Пантелис Хаџијоану според кого „со години е позната чувствителноста на Федерацијата во ваквите случаи, брзите рефлекси и бескомпромисноста кога е во прашање националниот интегритет“.

– Грчката ракометна федерација многу пати покажа дека пред се го става националниот интерес и заштитата на нашата историја и нашите свети симболи, вели Хаџијоану и изразува благодарност до претседателот на Меѓународната ракометна федерација Хасан Мустафа што брзо одговорил на грчкото барање и го решил прашањето.

Македонската ракометна репрезентација која ќе настапи на Мундијалот во Шпанија, на официјалниот сајт на првенството прво беше претставена со уставното име.

Би можело да ве интересира

Се онесвести на паркет данскиот судија кого го пцуеја Македонците за „грабежот“ против Холандија на СП во Вараждин

А1он

(ВИДЕО) Илјадници граѓани на Бан Јелачиќ ги чекаат хрватските ракометари

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Комплетирано 1/4 финале: Кој против кого до битката за медали?

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Бразилските ракометари ја победија Шведска и ја оставија без осминафинале

А1он