По болниот крај на сезоната, Роналдо ги полни батериите за европското на егзотична дестинација

Од:

Кристијано Роналдо имаше болен крај на сезоната во Саудискиот клуб Ал-Наср, со кој не успеа да освои ниту еден трофеј.

Роналдо и Ал-Наср ја имаа својата последна шанса пред два дена во финалето на купот на кралот на Саудиска Арабија, но таму беа поразени од Ал-Хилал.

Неутешниот Роналдо заплака како никогаш во кариерата по поразот во финалето.

Ал Хилал славеше по подоброто изведување на пеналот, а Роналдо како никогаш досега во кариерата го совладаа емоциите и се расплака додека репрезентативците се обидуваа да го расположат, а видеата брзо станаа вирални.

Два дена подоцна, Роналдо објави фотографија од брегот на Црвеното Море и напиша: „Повторно полнење“.

Така Роналдо се обидува да ја искористи кратката пауза која го дели да оди на собирањето на португалската репрезентација со која ќе игра на Европското првенство во Германија.

Покрај фотографијата на која позира сам и покажува завидна фигура на 40 години, објави и една со сите членови на неговото потесно семејство.

Европското првенство почнува на 14 јуни, а Португалија ќе игра во група со Чешка, Турција и Грузија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 906 гол на Роналдо

Роналдо премина една милијарда следбеници на социјалните мрежи

Предраг Петровиќ

Роналдо не е е задоволен во Саудиска Арабија-ќе се враќа во Португалија

Предраг Петровиќ

Словенецот кој го бакна Роналдо сред терен ќе мора да плати 1000 евра

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Роналдо нема мир во Љубљана: Навивач истрча на терен да направи селфи

Горан Наумовски

Навивач сакал да го удри Роналдо, реагирало обезбедувањето