Платини ќе се кандидира за претседател на ФИФА

Од:

Претседателот на Европската фудбалска унија (УЕФА), Мишел Платини до крајот на неделата ќа ја објави кандидатурата за функцијата прв човек на ФИФА јавува „Скај Спорт“.

Како што е наведено, Платини има поддршка од најмалку четири од шесте светски Конфедерација и првиот е фаворит за наследник на претседателот на ФИФА во заминување Сеп Блатер.

Платини првично бараше време од две недели да се изјасни дали ќе се номинира за денеска англиските медиуми да објават дека го прифаќа предизвикот.

Крајниот рок за поднесување на кандидатурите е 26 октомври, а изборите ќе се одржат на 26 февруари 2016 година.

Блатер на почетокот на јуни, поднесе оставка, и покрај фактот дека тој беше реизбран на позицијата, откако изби корупцискиот скандал во вредност од 150 милиони евра и беа уапсени 14 лица, од кои седум се функционери на ФИФА.

Би можело да ве интересира

Србија и Албанија ќе се домаќини на ЕП за млади во 2027

УЕФА строго го казни ФСС поради натпреварите со Швајцарија и Данска

Горан Наумовски

ФИФА: Светско првенство 2030 година во шест земји, 2034 година во Саудиска Арабија

Македонија напредуваше две места на ФИФА листата во ноември

А1он

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта