Платини: Јас да сум претседател на ФИФА, VAR нема да постои

Од:

Поранешниот претседател на УЕФА, Мишел Платини, објасни зошто одлуката за воведување на видео технологија (VAR систем) во фудбалот е погрешна.

„Да бев претседател на ФИФА, VAR немаше да постои. VAR не е дел од фудбалската филозофија“ – смета Платини.

Тој истакнува дека би користел видео технологија само кога е потребно да се утврди дали топката ја поминала гол линијата и во никој друг случај. Сите други одлуки би им ги препуштил на судиите.

„Имаме судии и асистенти… Зошто да ги комплицираме работите? Да го оставиме фудбалот на луѓето“, вели Платини, кој верува дека грешките треба да бидат составен дел од играта и дека само човечкото око треба да одлучува за нив и да донесува одлуки.

Би можело да ве интересира

Украина бесна на претседателот на ФИФА: Морален дегенерик

Катерина Ѓуровски

Инфантино „смени плоча“: Треба да се укинат санкциите на Русија!

А1он

Инфантино: Пристигнаа 150 милиони барања за влезници за СП 2026

А1он

Усман Дембеле е најдобриот фудбалер во светот за 2025 година

ФИФА планира на Светското првенство во 2030 година да учествуваат 64 екипи

Горан Наумовски

Кантона со порака до ФИФА: Дојде време да му се одземе привилегијата на Израел

А1он