Платини ја осуди политичката заднина на инцидентот во Белград

Од:

Претседателот на Европската фудбалска унија (УЕФА) Мишел Платини денеска изјави дека е длабоко растажен поради настани во Белград минатата ноќ, кога беспилотно летало со знамето на Голема Албанија предизвика инциденти и прекин на натпреварот Србија – Албанија.

– Фудбалот треба да зближува луѓе и политиката не треба да се меша во нашиот спорт, потенцира Платини.

Првиот човек на УЕФА за настаните на стадионот на Партизан рече дека нема никакво оправдување и дека за нив нема прошка.

Натпреварот меѓу Србија и Албанија, во квалификациите за Европското првенство 2016 беше прекинат пред крајот на првото полувреме.

Би можело да ве интересира

Србија и Албанија ќе се домаќини на ЕП за млади во 2027

УЕФА строго го казни ФСС поради натпреварите со Швајцарија и Данска

Горан Наумовски

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

УЕФА инвестира една милијарда евра за развој на женскиот фудбал во Европа

УЕФА ја казни Барселона поради финансиска измама

УЕФА: Стадионот „Сан Сиро“ нема да биде домаќин на финалето на Лигата на шампионите во 2027 година