Пласман на Светско првенство за историско збогум на легендарниот капитен

Од:

Дологодишниот каптен и актуелен селектор, легeндата на македонскиот, но и на светскиот ракомет, Кирил Лазаров денеска ќе го одигра последниот натпревар во дресот на македонскиот национален ракометен тим.

Возвратниот натпревар од баражот со Чешка за плaсман на следното Светско првенство ќе ја затвори репрезентативната кариера на Лазаров. Со националните бои денеска се простува и големиот Филип Миркуловски.

„Можевме да поминеме и подобро на гостувањето во Чешка, но задоволни сме. Може да се каже дека Чешка не потцени и затоа имавме добра предност. Треба да ги пофалам моите играчи за добриот натпревар. Мора да бидеме повнимателни против Чешка. Сега имаме и предност на домашен терен со 7.000 публика, па да го искористиме тоа како ветер во грб. Имаме шанси за добар резултат, се надеваме дека ќе го постигнеме тоа“ – изјави Лазаров во пресрет на реваншот против Чесите со коi на гостувањето во Злин одигравме нерешено 24-24.

„Ова е мојот последен натпревар во репрезентацијата на Македонија, ќе биде емотивно, но ние сме професионалци. Се надевам дека ќе имаме хепиенд и дека ќе се пласираме на Светското првенство“ – порача Филип Миркуловски долгогодишниот борец во репрезентативниот дрес на чии плеќи се добиени многу битки во ракометната историја на земјава.

Натпреварот во салата „Борис Трајковски“ вечерва од 19 часот ќе го следат повеќе од 7.000 македонски навивачи. Дуелот ќе биде емотивен од повеќе аспекти, но пред се треба да го обезбеди континуитетот настапи на македонската репрезентација на големите ракометни собири.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Галевски и фати пенал на Франција, ИХФ го стави во одбрано друштво

А1он

Митев: Со Катар одевме на се или ништо, ќе пробаме да ја изненадиме Франција

А1он

Лазаров по триумфот над Катар на СП2025: Верувам во оваа репрезентација

А1он

Митев: По овој бод со Австрија, одиме на победа со Катар

А1он

Македонија во последната секунда дојде до бод против Австрија на СП 2025

А1он

Македонските ракометари против Австрија ја отвораат Главната фаза на СП