Планински велоспидески тури Азот МТБ Предизвик 2016

Од:

Близу 400 велосипедисти учествуваа на денешните планински велоспидески тури Азот МТБ Предизвик 2016.

Настанот се случува втора година по ред, а учесниците оваа година можеа да изберат меѓу две тури, од 52 и од 33 километри. Двете тури започнаа утрото околу 9:30 часот од село Богомила, Чашка, а учесниците возеа низ Богомила, Црешнево, Нежилово, Папрадиште и дел од патот кон Прилеп. Најбрзите учесници пристигнаа на целната рамнина околу 15 часот.

– Настанот помина во најдобар ред, импресиите на учесниците се многу позитивни. Се надеваме дека и во иднина ќе можеме да продолжиме со организација на вакви настани за домашните и странските вљубеници во велосипедизмот, изјави Сашко Тодоров, еден од организаторите на Азот МТБ Предизвик 2016.

Азот МТБ Предизвик го организираше Здружението на граѓани Велес Бајкинг. Настанот се оддржа со поддршка од Проектот на УСАИД за екпанзија на мали бизниси, кофинансиран од Владата на Швајцарија и Центарот за развој на Вардарскиот плански регион.
Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси, кофинансиран од Владата на Швајцарија, оваа година финансиски поддржува 5 настани низ Македонија во сферата на активниот и спортскиот туризам.

Би можело да ве интересира

Енди Мареј е новиот тренер на Новак Ѓоковиќ

ВИДЕО: Тренер во Италија полуде поради потег на фудбалер, го нападна на теренот

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Откако се посрамоти, австралиската олимпијка замина во пензија

Предраг Петровиќ

Новинар поднесе оставка поради Винисиус, сосема го заборавил кога гласал за Златната топка

Предраг Петровиќ

Мбапе повеќе не сака да игра за Франција додека Дешамп е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ