„Пирели“ истражува зошто пукаа гумите

Од:

Трката од шампионатот во Формула 1 возена денеска на патеката „Силверсотун“, освен по победата на Нико Розберг ќе остане запаметена и по многубројните проблеми со гумите.

Во текот на трката пукаа пневматиците на болидите кои ги управуваа Луис Хамилтон, Фелипе Маса, Жан-Ерик Верње и Серхио Перз, сите снабдувани од компанијата „Пирели“.

– Се соочуваме со нова ситуација поради настанатите проблеми во Силверстоун. Сите во тимот за анализа сериозно си ја сфатија работата и штом добиеме првични резултати јавноста ќе биде известена. Неблагодарно е во моментов било што да наведам како причина за проблемите со гумите, изјави Пол Хембери, директорот на одделот за мотоспорт во „Пирели“.

Би можело да ве интересира

Пијастри ја покори Кина

Ландо Норис победи на трката од Формула 1 во Австралија

А1он

Макс Ферстапен е шампион во Формула 1

А1он

Леклерк победи на трката во Формула 1 за Големата награда на Италија

Расел победи на трката за Големата награда на Австрија

Инцидент во Формула 1 во Монте Карло, целосно уништен болидот на Серхио Перез