Членот на куќата на славните во Спрингфилд и поранешен кошаркар на Чикаго Булс, Скоти Пипен верува дека новата сезона во НБА ќе донесе многу радосни моменти на навивачите на биковите.
Тимот стигна до вториот круг на плеј-офот пролетта при тоа без лидерот Дерик Роуз, кој ја пропушти целата кампања заради закрепнување по операцијата на коленото. Сега бекот е подготвен и Пипен е оптимист.
“Возбуден сум за новата сезона и верувам дека тимот има шанси да е меѓу топ-тимовите во Лигата. Дерик работи навистина напорно за да се врати на старото ниво и ако составот нема проблеми со повредите, тогаш ќе биде многу атрактивен за гледање”, рече Пипен.