Пипан: Победата е заслужена

Од:

МЗТ Скопје денеска успеа да оствари фантастична победа на гостувањето во Загреб, а тренерот на „металците“ Алеш Пипан, има многу причини за задоволство, откако неговите избраници одиграа фантастичен меч, и покрај големата негатива во одредени периоди од мечот, за со фантастичен финиш да успеат да се вратат со голема победа во Скопје.

„Можам само да им честитам на моите играчи. Вака треба да играме. Ова го велам во контекст, дека она што е договорено пред мечот мора да се исполни. Тоа е рецептот. И покрај големиот број на повредени играчи покажавме карактер, и успеавме да триумфираме. Сметам дека навистина ја заслуживме оваа победа, бидејќи покажавме голем карактер, и го оставивме срцето на теренот. Мора да продолжиме со ова темпо и понатаму“- изјави Пипан.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он