26-годишниот Венард Ричард Хендрикс е најновото име во поширокиот список на играчи кои ќе патуваат за Словенија за претстојниот Евробаскет.
Лестер Бо Мекејлеб, Маркиз Грин и Венард Ричард Хендрикс се тројца натурализирани Македонци кои се наоѓаат на поширокиот список.
Хендрис игра на позицијата крилен центар, висок е 2.03 см, тежок 118 килограми, а по потекло е од Декатур Алабама.
Дали ќе биде одбран на потесниот список, останува да видиме бидејќи во репрезентацијата селекторот Пипан смее да одбере само еден натурализиран играч.