Петто место за Стефановски во втората трка во Чешка и четврто место во генералниот пласман

Од:

Македонскиот автомобилист Игор Стефановски – Иџе втората денешна трка на патеката во чешкиот град Мост ја заврши на петтото место и на крајот во ЕТЦЦ шампионатот е пласиран на 4. место во генералниот пласман.

Во возбудливото второ возење Стефановски стартуваше како прв, но брзо го загуби лидерското место. Тоа се случи во шестиот круг кога водечката позиција ја презееде Петр Фулин и на чело остана до крајот на трката. Второто место го освои Пламен Кралев од Бугарија.

Во генералниот пласман во ЕТЦЦ шампионатот прв заврши Фулин со 80 поени, пред Норберт Наѓ од Унгарија со 73, додека Стефановски собра 60 поени за четврто место.

Стефановски до последните две денешни трки имаше шанси и за првата позиција во генералниот пласман.

Би можело да ве интересира

Стефановски: Бев казнет за банален инцидент

Наум Локоски

Стефановски по казната заврши како осми на првата трка во Мост

Наум Локоски

Стефановски ќе стартува од петтата позиција на трката во чешки Мост

Наум Локоски

Иџе утре ќе стартува од четвртата позиција на Нирбургринг

Наум Локоски

Стефановски освои шест бодови на двете трки во Хунгароринг

Наум Локоски