Петти меѓународен болдеринг фестивал „Крали Марко“

Од:

Во околината на манастирот Трескавец, кај Прилеп, денеска и утре се одржува петиот фестивал на искачување на карпи – болдеринг „Крали Марко“.

Мотото на Фестивалот е „Да се исчисти и да се искачи карпата“. Организатори на овој меѓународен фестивал се Спортско-качувачкото друштво „Златоврв“ и прилепската локална самоуправа, заедно со Македонската спортско-качувачката федерација и со УСАИД.

Најавено е учество на стотина гости од повеќе земји.

– Фестивалот полека станува традиција. Очекуваме 100-ина гости од Франција, Италија, Бугарија, Словенија и Србија и Македонија, изјави Христо Белокапоски од Спортско-качувачкото друштво „Златоврв“.

Официјалниот натпреварувачкиот дел на фестивалот почнува денеска во 10 часот.

Пределите околу Прилеп високо котираат на мапата на болдерингот и се смета дека на Балканот се најатрактивни за искачување на карпа.

– Формите на карпите овде се единствени и не може да ги најдете на друго место. Можеби слично место е Бафа на истокот од Турција, но за европските спортисти тоа е далечна дестинација. Прилеп, како препознатлива дестинација е на сите сајтови за болдеринг, вели Белокапоски.

За пет години колку што се одржува Фестивалот, на овие локации дошле илјадници спортисти.

Би можело да ве интересира

Влаховиќ си заминува од Јувентус

А1он

Ѓоковиќ објави доказ: За сите експерти во спортски повреди

А1он

Синер го брани Новак од неговиот претседател

А1он

Бинаги: „Голем пад за Ѓоковиќ“

А1он

Почина Дражен Далипагиќ

А1он

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето