Петровиќ си поднесе оставка во Цедевита

Од:

Селекторот на босанската репрезентација, Ацо Петровиќ си поднесе оставка од функцијата тренер на Цедевита, по поразот на неговиот тим од Партизан.

И покрај 10 поени предност на само пет минути до крајот, Цедевита не успеа да ја заддржи таа предност. На само две секунди до крајот, кошаркарите на Партизан, успеаја да поентираат за плус еден, па така последниот тајм-аут на својот тим, Петровиќ му го препушти на својот помошник, што веднаш беше знак дека нешто не функционира во стручниот штаб на загребскиот тим.

Со овој пораз кошаркарите на Цедевита, и дефинитивно ги загубија сите шанси за место на завршниот турнир, што претставува голем неуспех со оглед на тоа дека овој тим има убедливо најголем буџет во АБА-лигата, а веќе го загуби и Купот на Хрватска, по поразот од Цибона.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ