Петровиќ победник на фјучрсот во Скопје

Од:

Српскиот тенисер Данило Петровиќ триумфираше на фјучрсот во Скопје што заврши синоќа на терените на СЦ „Јане Сандански“. Тој во финалето по голема борба со 2-1 во сетови и повеќе од три часа игра го совлада Александар Милер од Франција и со тоа ја оправда улогата носител број 1 на турнирот.

Првиот сет Петровиќ го доби со 6:3 во гемови, а следниот му припадна на Милер со 6:4, а во решавачкиот сет беше 7:6 и во тај брекот 8:6 на поени за Петровиќ. Ова за него е осма турнирска победа на фјучрс турнир. Во првото коло Петровиќ беше подобар најдобриот македонски тенисер Томислав Јотовски.

Во конкуренција на двојки Јотовски заедно со Александар Лазов од Бугарија во два сета во саботата ги победија Петровиќ и Небојша Периќ од Србија.

Денеска на терените на „Тенис парк“ во склоп на СЦ „Јане Сандански“ се играат мечевите од третото коло од квалификациите од вториот фјучрс турнир во Скопје, кој ќе почне од утре.

Би можело да ве интересира

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен