Пет голови за Лазаров во победата над Цеље

Од:

Македонскиот репрезентативец Кирил Лазаров постигна пет голови во победата над Цеље во натпреварот од 8.коло од Лигата на шампионите одигран синоќа во Мадрид. Со овој триумф Атлетико Мадрид се зацврсти на 3.место на табелата во групата Б.

Вториот наш репрезентативец кој игра во Лигата на шампионите и екс селекторот на Македонија Звонко Шундовски со Констанца загубија од Веспрем со 31:21. Ангеловски беше стрелец на еден гол.

Во ова коло македонскиот првак Металург загуби на гостувањето кај Горење.

Преглед на резултатите и табелите:

А група: Чеховски Медведи – Хамбург 29:29, Флензбург – Партизан 31:23 и Адемар – Монпеље 30:28.
Табела А група: Чеховски Медведи 12 бодови, Флензбург 12, Хамбург 12, Монпеље 5, Адемар 5, Партизан 2.

Б група: Савехоф – Кил 29:40, Веспрем – Констанца (Ангеловски 1 гол) 31:21 и Атлетико Мадрид – Цеље 26:24.
Табела Б група: Веспрем 16, Кил 12, Атлетико Мадрид 8, Цеље 4, Савехоф 4, Констанца 4.

Ц група: Горење – Металург 23:19, Киелце – Санкт Петербург 30:29 и Шамбери – Силкеборг 29:26.
Табела Ц група: Киелце 16, Горење 12, Металург 10, Силкеборг 6, Шамбери 2, Санкт Петербург 2.

Д група: Кадетен Шафхаузен – ПИК Сегед 36:29, Загреб КО – Динамо Минск 23:25 и Берлин – Барселона 31:30.
Табела Д група: Барселона 14, Берлин 12, Динамо Минск 11, Кадетен Шафхаузен 4, ПИК Сегед 4, Загреб КО 3.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ