Перо Антиќ: Ова е мое последно ЕП

Од:

Капитенот на македонската кошаркарска репрезентација Перо Антиќ во интервју за неделникот „Република“ го најави своето дефинитивно повлекување од националниот тим.

– Ова европ­ско пр­венс­тво е, де­фи­ни­тив­но, мо­е­то пос­лед­но ре­пре­зен­та­тив­но игра­ње. Имав мно­гу об­јас­ну­ва­ња зо­што е тоа та­ка. Се­га ве­ќе се­кое утро и мо­е­то те­ло ми об­јас­ну­ва ме­не, та­ка што ова е де­фи­ни­тив­на од­лу­ка, вели македонскиот кошаркарски репрезентативец Перо Антиќ.

Тој смета дека на Европ­ско­то пр­венс­тво во Сло­ве­ни­ја македонската репрезентација може да покаже добра игра и да се претстави како сериозен тим, а дру­го­то сe ќе си дој­де на свое ме­сто.

За Антиќ најдоброто нешто што му се случило во кариерата е пречекот од македонските навивачи по ЕП во Литванија.

– Сним­ки­те од тоа Европ­ско пр­венс­тво, од са­ми­от пре­чек, се мо­е­то ап­че за сми­ру­ва­ње. Се­ко­гаш, на­ве­чер, ко­га сум воз­не­ми­рен, ги гле­дам. Ед­но­став­но, се се сов­пад­на, се бе­ше со­вр­ше­но. Не­што нај­у­ба­во… И по­крај две­те европ­ски ти­ту­ли, пре­че­кот во Скоп­је по ЕП во 2011 го­ди­на ми е не­што нај­ми­ло од ка­ри­е­ра­та.

Првиот македонски кошаркар кој ќе заигра во НБА лигата очекува голема поддршка од македонската фаланга и на евро-шампионатот во Словенија.

– Мис­лам де­ка под­др­шка ни е по­треб­на. Оче­ку­вам пер­фект­на ор­га­ни­за­ци­ја од Сло­ве­ни­ја. Оче­ку­вам иста­та хе­ми­ја и еу­фо­ри­ја да би­дат пре­суд­ни за до­бар ус­пех, истакнува македонскиот капитен.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ