Перез категорично против играње натпревари во САД

Од:

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез остро се противи на плановите за играње натпревари од Шпанското фудбалско првенство на територијата на САД.

– Ние нема да одиме во САД. Не знам кои интереси ги штитат од Лигата, но тоа сигурно не се интересите на клубовите и на навивачите. Затоа ние цврсто одбиваме да бидеме дел од ова, рече Перез.

Како што е познато, Шпанската фудбалска лига се обидува да организира неколку натпревари преку Океанот за да го промовира шпанскиот фудбал во Америка.

Првиот избран натпревар е помеѓу Џирона и Барселона во јануари. Средбата е предвидена да се игра во Мајами.

Секој ден, шансите за спроведување на проектот се намалуваат. Во петокот, Шпанската фудбалска федерација, исто така се произнесе дека нема да даде дозвола. Ниту од УЕФА и од ФИФА, не гледаат позитивно на овој проект.

Би можело да ве интересира

За еден бакнеж екс претседателот на Фудбалскиот сојуз на Шпанија ќе плати 10.000 евра

А1он

На фудбалер на Реал му се заканува затворска казна – препраќал порно видеа со малолетници

А1он

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти оди со 23 играчи за дуелот против Манчестер Сити во Лигата на шампионите

(ВИДЕО) Прв хет-трик на Мбапе во дресот на Реал Мадрид

А1он

Анчелоти пак го брани Винисиус: Два меча суспензија е премногу!

А1он

Анчелоти: Ќе поднесеме жалба поради исклучувањето на Винисиус, не беше за црвен

А1он