Претседателот на државата Стево Пендаровски вечерва им ја честиташе победата на македонските фудбалери кои го победија Исланд и изборија бараж за Светското првенство што ќе се одржи во Катар.
– Честитки момци за одличната игра! Цела нација вечерва ја бодреше македонската фудбалска репрезентација во тешкиот меч против Исланд. Продолжуваме напред да се бориме за пласман за светското првенство во Катар. Се гордееме со вас!, напиша Пендаровски на Фејсбук.