Прославената бразилска фудбалска ѕвезда Пеле синоќа во Лондон изјави дека верува оти фудбалерита на Бразил, конечно ќе освојат златен медал на Олимписките Игри.
Кога имав 17 години и го освоив Светскиот куп заедно со моите другари од репезентацијата, на Олимпијадите беше забрането да настапуваат професионалци, рече Пеле, признавајќи дека жали што има три златни трофеи од светските фудбалски првенства, но нема златен медал од некоја Олимпијада.
Сега сум во Лондон на овие Олимписки Игри и верувам дека бразилските фудбалери овде ќе го освојат златото, што јас никогаш не успеав да го земам, рече славниот Брзилец.
Финалниот натпревар во фудбал на олимпискиот турнир меѓу Бразил и Мексико се игра во сабота на стадионот „Вембли“.
Пеле синоќа на пригодна свеченост во лондонскиот мизеј „Викторија и Алберт“ беше помовиран во почесен дипломец на Универзитетот во Единбург. Почесната диплома тој ја доби за неговото учество и придонес во хуманитираната и еколошката работа, како и за своите спортски постигнувања.
По завршувањето на фудбалската кариера, Пеле едно време беше министер за спорт на Бразил, а потоа и амбасадор на ОН за екологија и за животна средина.
За ова признание, им благодарам не само на моето семејство, туку и на моите пријатели и на другарите од репрезентацијата, без кои сам не ќе можев да станам тоа што станав, рече прославениот бразилски фудбалер Пеле, при примањето на почесната диплома на единбуршкиот Универзитет.