Даниеле Педроса со Хонда ја освои пол-позишцијата за Гран При на Италија, откако Хорхе Лоренцо ја прекина последната турнеја, која речиси сигурно ќе му го дадеше првото место во квалификациите.
Лоренцо беше најбрз и во трите тренинг сесии и поголемиот дел од квалификациите.
Педроса го претекна за 0.058 секунди во последните минути, но потоа пилотот на Јамаха извозе одлични први три сектори од финалната турнеја пред бесно да прекине и да се врати во боксот.
Ектор Барбер со Дукати, пак, ќе стартува од првата стартна линија по освоеното трето место. Четврти остана Ники Хајден со Дукати. Кејси Стонер со Хонда беше само петти, а Валентоно Роси ќе започне од 10-та позиција.