Педесети „трипл-дабл“ во кариерата за Расел Вестбрук

Од:

Играчот на Оклахома Сити Расел Вестбрук ноќеска беше најзаслужен за уште една победа (над Феникс) на својата екипа, откако дуелот го заврши со 26 поени, 11 скокови и 22 асистенции. Ова за него е 50.ти „трипл-дабл“ во кариерата или 13. сезонава.

Од ноќешните дуели за одбележување е и 10. победа во серија за екипата на Хјустон.

Резултати на ноќеска одиграните натпревари: Оклахома Сити – Феникс 114:101, Детроит – Индијана 90:105, Атланта – Шарлот 99:107, Кливленд – ЛА Лејкерс 119:108, Минесота – Хјустон 109:111 (по продолжение), Денвер – Њујорк 127:114 и Голден Стејт – Портланд 135:90.

Пласман Источна конференција: Кливленд 19-6 (победи – порази), Торонто 18-8, Бостон 14-12, Шарлот 15-13, Милвоки 13-12, Њујорк 14-13, Индијана 14-14, Чикаго 13-13,…

Пласман Западна конференција: Голден Стејт 24-4, Сан Антонио 21-5, Хјустон 21-7, ЛА Клиперс 20-7, Мемфис 18-10, Јута 17-10, Оклахома Сити 16-11, …

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on