Македонскиот каратист Емил Павлов го освои првиот медал за Македонија на Првите Европски Олимписки игри кои се одржуваат во Баку, Азербејџан.
Павлов во борбата за бронзениот медал во катергоријата до 60 килограми го победи Марко Антиќ од Србија со 2:0. Во финалето Фрзалиев го победи Лука Мареска од Италија.
Претходно во полуфиналето Павлов загуби од домашниот претставник Фидорси Фрзалиев со 8:0.
Во борбите во групата нашиот каратист имаше две нерешени борби со Евгениј Плахутин од Русија и со Марко Антиќ од Србија, додека имаше победа над Софијан Агужил од Франција.
Во финалето Фрзалиев го победи Лука Мареска од Италија.
Утре во категоријата +84 килограми настап ќе има и Мартон Несторовски.