Пау Гасол до декември ќе реши дали ќе ја продолжи кариерата

Од:

Легендарниот шпански кошаркар Пау Гасол изјави дека одлуката дали ќе продолжи да игра или ќе ја заврши кариерата, ќе ја објави во наредните месец и половина.

Двократниот шампион во НБА лигата и шпански репрезентативец се обидува да го опорави левото стапало, кое го оперираше во мај 2019 година, поради скршеница.

– Пандемијата, со сите лоши работи што ни ги донесе, ми даде простор да ги рехабилитирам стапалата и напредокот е позитивен. Следниот месец – месец и половина, мојата потреба да излезам на терен ќе биде на високо ниво, а потоа ќе видам дали повторно ќе можам да се натпреварувам – рече Гасол во интервју за шпанската агенција „ЕФЕ“.

Гасол (40) ја загуби работата во Портланд во ноември минатата година и повеќе пати изјави дека би сакал да одигра уште една сезона и да биде дел од шпанската репрезентација на Олимписките игри во Токио пред да се пензионира, што беше повторено и во овој разговор.

Едно од прашањата за легендарниот центар беше за шпекулациите во медиумите дека тој доаѓа во Барселона заедно со неговиот брат Марк.

– Марк и јас во Барселона? Изненаден сум од влијанието и протокот на непроверени информации – заклучи Гасол.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он