Во неизвесен натпревар одигран вечерва во Загреб, српскиот претставник Партизан го совлада домашниот тим Цедевита со 77:76 и ги задржа шансите за пласман на завршниот турнир од регионалната кошаркарска АБА лига.
Поради повреда за домаќинот не настапи македонскиот репрезентативец Владо Илиевски.
Македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром синоќа на домашен терен убедливо го победи Задар со 94:69.
На другите завршени натпревари од 23.коло во ова натпреварување постигнати се следниве резултати: Олимпија – Крка 76:63, Црвена Звезда – Цибона 97:95, Сплит – Широки 88:83 и Раднички – Будуќност 78:63.
Колото ќе биде комплетирано утре со дуелот Игокеа – Шолнок.
Табела: Игокеа 17-5 (победи-порази), Црвена Звезда 17-6, Раднички 15-8, Будуќност 14-9, Партизан 14-9, Унион Олимпија 13-10, Цедевита 12-11, МЗТ Скопје Аеродром 12-11, Крка 9-14, Цибона 8-15, Сплит 8-15, Шолнок 7-15, Широки 7-116, Задар 7-16.