Кошаркарите на белградски Партизан ги завршија мини подготовките во Гевгелија со настап на меѓународниот ревијален турнир „Гевгелија баскет 2013“.
Синоќа во последниот настап на турнирот,во српско-грчкиот дуел Партизан го победи солунски ПАОК со 76:71 во меч со драматична и резултатски неизвсна завршница.Претходно, Партизан го победи домакинот Кожуф, а на самиот старт од турнирот беше поразен од МЗТ од Скопје.
-На овој турнир дојдовме со големо задоволство и тука всушност ги почнуваме подготовките за новата сезона.Утре се враќаме во Србија каде што не очекува проверка со Слога од Краљево и Раднички од Крагуевац, а потоа од 15. до 25. септември ќе тренираме во Шпанија. Во оваа прилика сакам да ја изразам нашата благодарност за гостопримството и добрата соработка со Кожуф, истакна тренерот на Партизан, Душан Вујошевиќ.
Меѓународниот ревијален турнир што го организираше кошаркарскиот клуб Кожуф под покровителство на општина Гевгелија, ќе стане традиционален.