Иранскиот велосипедист Бахман почина по несреќниот пад за време на трката на Параолимписките игри во Рио де Жанеиро.
Под неразјаснети околности Иранецот падна, а по добивањето на медицински третман, почина во болница, најверојатно од срцев удар.
– Ова е голем удар за Параолимпиското движење и нашите мисли се со семејството на Бахман, со неговите пријателите и колеги од репрезентацијата, како и со Параолимпискиот комитет на Иран, изјави Филип Крејвен претседателот на Меѓународниот параолимписки комитет.
Голбарнеџад имаше 48 години и се натпреваруваше во класа C4-5.