Панатинаикос направи „брејк“ во Барселона

Од:

Кошаркарите на Панатинаикос го направија првиот „брејк“ во четвртфиналната фаза од Евролигата. Тие синоќа ја победија Барселона во „Блауграна“ со 66:65 (16:11; 11:21; 21:18 и 18:15) и го добија вториот дуел против Каталонците кој исто како и првиот имаше драматична завршница.

При водство на Барселона од 65:63, Димитрис Дијамантидис погоди тројка, а домаќините преку Наваро не го реализираа последниот напад.

Најефикасни во победничкиот состав беа Џејмс Гист со 14 и Мајкл Брамос со 13 поени, додека за Барселона Хуан Карлос Наваро уфрли 20 поени.

Следуваат два натпревара во Атина на кои Панатинаикос ќе се обиде да го искористи домашниот терен и со две победи да обезбеди пласман на „Фајнл фор“.

Вторите натпревари од другите три четвртфинални пресметки во серијата прв до три победи се играат вечерва. На сите три домаќините водат со 1:0 во победи.

Двојките се: ЦСКА Москва – Каха Лаборал, Олимпијакос – Анадолу Ефес и Реал Мадрид – Макаби.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он