Палмеирас ја одбрани титулата во Копа Либертадорес

Од:

Фудбалерите на Палмеирас ја одбранија шампионската титула во Јужна Америка, откако синоќа во „бразилското финале“ во Монтевидео го совладаа Фламенго по продолженија со 2:1 (1:1, 1:0).

Палмеирас поведе во 6 минута преку Рафаел, а бројните напади на Фламенго вродија со плод во 72 минута кога Габриел Барбоса го израмни резултатот на 1:1.

Голот на одлука дојде во петтата минута од продолжението, откако Дејверсон искористи голема грешка во одбраната на Фламенго и рутински го совлада противничкиот голман.

Со тоа Палмеирас стана првиот клуб, кој го одбрани трофејот во Копа Либертадорес по Бока Јуниорс во 2001 година, а за бразилскиот клуб ова е вкупно трета јужноамериканска титула, која за прв пат ја освои во 1999 година.

Би можело да ве интересира

За првпат во историјата на Копа Либертадорес, полуфиналисти три клуба од иста земја

Ана Ололовска

Копа Либертадорес и Копа Судамерикана ќе имаат своја завршница

Ана Ололовска

Финалето на Купот Либертадорес префрлено од Чиле во Перу

Ана Ололовска

„Маракана“ домаќин на финалето на Копа Либертадорес следната година

Ана Ололовска

Мечот Ривер-Бока му донесе на Мадрид 42 милиони евра директни приходи

Наум Локоски

ВИДЕО: Ривер Плејт го освои Копа Либертадорес

Наум Локоски