„Маракана“ домаќин на финалето на Копа Либертадорес следната година

Од:

Еден од најголемите стадиони во историјата, „Маракана“ во Рио де Жанеиро, ќе биде домаќин на финалето на Копа Либертадорес во 2020 година. Јужноамериканската фудбалска централа, КОНМЕБОЛ ја објави својата одлука денес, а самата средба ќе се одржи на 21 ноември следната година.

„Маракана“ беше еден од осумте кандидати за домаќин на настанот, заедно со уште петмина од Бразил. На истата средба, КОНМЕБОЛ објави дека последната средба на вториот по квалитет турнир во Копа Судамерикана на континентот ќе се одржи на стадионот „Марио Кемпес“ во аргентинскиот град Кордоба.

За прв пат годинава, финалето во јужноамериканскиот еквивалент на Лигата на шампионите ќе се одржи во еден натпревар наместо на два, како dosega. Првиот историски домаќин на финалето на Копа Либертадорес е „Естадио Национал“ во Сантијаго (Чиле), a средбата е закажана за 23 ноември.

Финалниот натпревар на турнирот во Копа Судамерикана помеѓу еквадорската сензација Индепендиенте дел Вале и Колон (Санта Фе, Аргентина) ќе се одигра на 9 ноември на стадионот „Нуела Ола“ во Парагвај.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ

„Телеграф“: ФИФА планира да воведе и син картон како форма на казна

Чеферин за пријателскиот натпревар Русија – Србија: Само Англичаните негодуваат