Падот на рубљата го намали буџетот за СП 2018

Од:

Руската валута рубља од почетокот на годинава бележи пад во однос на американскиот долар за една третина. Ваквиот сооднос на двете валути придонесе буџетот за фудбалскиот Мундијалот 2018 кој треба да се игра во Русија да биде значително намален.

Буџетот за Светското првенство е дефиниран на 664 милијарди рубљи, односно 16 милијарди долари.

Претседателот на Организациониот одбор на Мундијалот во Русија Алексеј Сорокин изјави дека со предвидените средства веќе не може да се увезат потребните репроматеријали и додаде дека ќе се обидат недостатокот на суровини да биде покриен со домашни материјали.

Сорокин додаде дека руската влада нема намера реалните загуби поради падот на рубљата да ги надоместува со нови буџетски средства.

Би можело да ве интересира

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек

Руските сили елиминираа странски платеници: Меѓу жртвите и романски државјани

Русија: Тројца адвокати на Навални осудени на затворски казни

Горан Наумовски

Цените на дизелот се зголемуваат ширум светот по новите санкции кон Русија