Пад на фудбалската репрезентација за две места

Од:

Македонската фудбалска репрезентација падна за две места на јулското рангирање на ФИФА листата објавена денеска. Македонија се наоѓа на делба на 103 место со Бахреин.

Од противниците на македонските фудбалери во квалификациите за Светското првенство, на листата на Светската фудбалска асоцијација за месец јули најдобропласирана е Хрватска (9.место), Србија е на 37 место, Велс е 38., Шкотска 49., а Белгија 53.

Шпанија и натаму е лидер пред Германија и третопласираниот Уругвај. Четвра е Англија, петта Португалија, на шестото место е Италија, седма е Аргентина, а во првата десетка се и Холандија, Хрватска и Данска.

Следното рангирање ФИФА ќе го изврши на 8 август.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Фудбалерите на Милан го совладаа Емполи во 24. коло од Серија А

Србија и Албанија ќе се домаќини на ЕП за млади во 2027

Де ла Фуенте останува селектор на шпанската репрезентација до крајот на ЕП 2028 година

Колапс на ѕвездата која заработи милиони: На 32 години работи за плата од 420 евра

Легендарниот дански фудбалер објави крај на играчката кариера

А1он