Пацоли ќе ги награди косовските фудбалери доколку ја победат Шпанија

Од:

Лидерот на партијата Алијанса ново Косово (АКР), еден од најуспешните и најбогати косовски бизнисмени, Беџет Пацоли вети дека ќе ги награди членовите на косовската фудбалска репрезентација доколку на вечерашниот натпревар против репрезентацијата на Шпанија постигнат позитивен резултат.

Мултимилионерот Пацоли, кој во минатото кратко време беше и претседател на државата, а подоцна и шеф на косовската дипломатија, порача дека верува во успех на косовската репрезентација на вечерашниот натпревар, кој е во рамките на квалификациите за светското првенство во Катар идната година.

– Косово вечерва пишува историја во Севиља. Јас лично верувам во нашата репрезентација и ќе ја наградам на мој начин доколку победи против Шпанија. Вечерва таа држава несомнено ќе „признае“ кое е и какво е Косово, порача Пацоли преку неговиот Фејсбук.

Косовските медиуми јавуваат дека, во пресрет на вечерашниот меч, шпанските државни медиуми, како и официјалните претставници на фудбалскиот сојуз на Шпанија, една од петте земји – членки на ЕУ кои не ја признаваат косовската независност, избегнуваат воопшто да го спомнат името на Косово, а првично не сакаа ниту да го истакнат неговото знаме и да ја изведат неговата химна.

Од оваа намера, според медиумските извештаи, организаторите се повлекоа по притисокот од ФИФА, чија членка Косово стана пред неколку години, така што во стадионот во Севиља од вчера се вее косовското знаме, а и химната е неколку пати изведена на пробите за церемонијата по повод вечерашниот меч.

Би можело да ве интересира

ФФМ доби 1.300 влезници за мундијалскиот бараж во Палермо

Ана Ололовска

Хомосексуалците добредојдени на СП 2022 во Катар, порачаа организаторите

А1он

Сантош ќе ја напушти португалската репрезентација доколку не се пласира на СП 2022

Ана Ололовска

Видал се извини поради исклучувањето против Еквадор

Ана Ололовска

Алжир ја обвини Буркина Фасо дека користела црна магија пред нивниот дуел во квалификациите СП и повикаа егзорцист

Ана Ололовска

Мбапе прв пат во кариерата постигна гол за Франција на четири натпревари по ред

Ана Ололовска