Отворен турнирот во мал фудбал „8 – ми Септември“ во Триангла, Гази Баба

Од:

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски синоќа го отвори традиционалниот фудбалски турнир „8 – ми Септември“ во Триангла, општина Гази Баба.

На натпреварувачите на овој турнир, кој секоја година станува се помасивен, Трајановски, им посака успех и добра игра.

На турнирот „8 – ми Септември“ годинава учество ќе земат повеќе од 60 фудбалски екипи,а традиционално ќе се одржува во спортското игралиште во населба Триангла, Општина Гази Баба.

Фудбалскиот турнир „8 – ми Септември“ се одржува по 7-ти пат и е во организација на „БА-ТУ-ТА Скопје”, финансиски поддржан од страна на Град Скопје и Општина Гази Баба.

Би можело да ве интересира

АХВ нареди времено затворање на кујната во касарната „Гоце Делчев“

Горан Наумовски

Во Скопје се санираат штетите од синоќешното невреме

Повеќе од 12 часа делови од Скопје без струја

Од силниот ветер падна дрво и повреди жена во центарот на Скопје

Катерина Ѓуровски

Во Тетово и во Скопје уште се санираат последиците од невремето

Невремето остави хаос во Тетово, се санираат штети и во Скопје

Катерина Ѓуровски