Отворен тренинг на кошаркарската репрезентација

Од:

Македонската кошаркарска репрезентација вечерва од 19:00 часот во Борис Трајковски ќе го одржи последниот тренинг пред заминувањето во Соединетите Американски Држави во продолжението на подготовките за квалификацискиот турнир на Олимписките игри во Лондон.

Тренингот е од отворен карактер и на него ќе можат да присуствуваат сите љубители на кошарката.

Амбициите на македонските кошаркарски репрезентативци се да станат првиот колективен состав кој обезбедил пласман на Олимписки игри.

„Поддршката од нашите навивачи навистина многу ни значи. Сега особено, во пресрет на оваа историска можност. Тие не водеа до успехот во Литванија и иако нема да бидат присутни во Венецуела, ние ги носиме во нашите срца и знаеме дека секогаш се со нас. Тоа не прави посилни и похрабри во амбицијата да ја претставиме нашата Македонија пред светот во најдобро можно светло“, изјави Војдан Стојановски.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он