Отворен е „Лусаил“, стадионот каде ќе се игра финалето на Светското првенство

Од:

Катар е подготвен за Светското првенство на кое ќе биде домаќин на крајот на ноември и почетокот на декември годинава, а вчера и официјално беше објавено дека е готов најмодерниот стадион во светот. Стадионот „Lusail Iconic“ е најголемиот стадион во Катар, со капацитет од 80.000 седишта и ќе има голема улога во првенството.

Трибините имаат брановиден изглед, а се составени од два ката. Посебен е и покривот, може да се затвора, а стадионот е опремен со клима, што на фудбалерите ќе им го олесни играњето на високи температури.

По Мундијалот, Катарците планираат да се пријават за организација на финалните натпревари од Светското клупско првенство.Освен тоа, сакаат и финале во азиската Лига на шампиони, а стадионот е повеќенаменски, па не е исклучено таму во иднина да гледаме некој ракометен или кошаркарски спектакл.

За време на Мундијалот на споменатиот стадион ќе се одиграат десет натпревари, и тоа: Аргентина – Саудиска Арабија, Бразил – Србија, Аргентина – Мексико, Португалија – Уругвај, Саудиска Арабија – Мексико, Камерун – Бразил, натпревар од осминафиналето, четвртфинален натпревар, полуфинален натпревар и финалето.

Извор: Топспорт

Би можело да ве интересира

Почнуваат градежните работи на Националниот фудбалски стадион во Сурчин

Предраг Петровиќ

Груевски пред мечот и по коментарот на Имобиле: 10 декари земја се неспособни да одржуваат

Предраг Петровиќ

Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје

Предраг Петровиќ

„Бомбоњера“ заминува во историјата

Предраг Петровиќ

Швајцарија забрани гостински навивачи на фудбалските стадиони

А1он

Три децении по трагедијата во Хилсборо на англиските стадиони се враќаат секторите за стоење

А1он