Откриен идентитетот на мистериозната жена што дефилираше под индиското знаме во Лондон.
„Таа била учесник во церемонијата што малку се занела. За инцидентот ќе им се извиниме на индиските претставници“, велат организаторите.
Сепак еден индиски медиум поточно објасни дека девојката се викала Мадхура Нагендра, студентка од јужниот индиски град Бангалор што живеела во Лондон. Но индискиот олимпсики тим апсолутно не е задоволен од нејзиниот испад при претставувањето на нивната делегација
Mладата дама на својот Фејсбук профил објавила фотографија од пропусницата за Олимписките игри. За жал нејзиниот профил е деактивиран брзо откако во сите медиуми започнал ‘ловот на непознатата жена’.