Роналд Куман од синоќа веќе не е тренер на Барселона, раководството на каталонскиот клуб му врачи отказ по поразот од Рајо Ваљекано, но Холанѓанецот за загубеното работно место ќе добие огромно обештетување.
Барселона ќе треба да му плати 12 милиони евра на Куман.
Тоа е голема сума во период кога Барселона има финансиска криза, но раководството пресметало дека оваа одлука долгорочно ќе биде исплатлива.
Наскоро се очекува да биде соопштено кој ќе биде наследникот на Куман, за прв фаворит се посочува Чави.