Женскиот слалом кој изутрината почна на „Похорје“ крај Марибор беше прекинат поради лошите услови на патеката. Високата температура за овој период на годината го растопуваше вештачкиот снег, а дополнителни проблеми за организаторот создаваше и дождот.
По таква патека, натпреварувачките како што се појавуваа на стартот или не ја завршуваа трката, или на целта пристигнуваа со огромно заостанување од три, четири, пет секунди зад оние со ниски стартни броеви.
Ова беше осмиот слалом во женска конкуренција од Светскиот куп.
Со тоа 52. „Златна лисица“ остана некомплетна само со вчерашниот велеслалом.
Од исти причини откажан е и велеслаломот во Гармишпартенкирхен во машка конкуренција.