Осум места погоре на ВТА листата за Бартоли

Од:

Француската тенисерка Марион Бартоли за осум места напредуваше на најновата ВТА листа објавена денеска. Победничката на Вимблдон од 15. се проби на 7. место и се избори за влез во ТОП 10 светски тенисерки.

И покрај раната елиминација во Лондон, водечка останува Серена Вилијамс, но таа загуби 1.720 бодови.

Серена загуби од финалистката Сабине Лисицки од Германија, во 4. коло. Лисицки од 24 се проби на 18 позиција.

ВТА листа први 10:

1. Серена Вилијамс (САД) 11.895 поени
2. Марија Шарапова (Русија) 9.235
3. Викторија Азаренка (Белорусија) 8.825
4. Агњешка Радванска (Полска) 5.965
5. На Ли (Кина) 5.555
6. Сара Ерани (Италија) 5.180
7. Марион Бартоли (Франција) 4.675
8. Петра Квитова (Шешка) 4.435
9. Анжелик Кербер (Германија) 3.970
10. Каролине Вознијачки (Данска) 3.660.

Би можело да ве интересира

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен

Синер: „Знам кој ми е пријател, а кој не“

Предраг Петровиќ